Om СИЛАТА НА БОГА(Macedonian Edition)
Јас лично ги доживеав радоста и среќата поради ослободувањето од страдањата на седумгодишното боледување и агонија, за да можам да станам слугата на силата, и да наликувам на Господа. Постев и се молев многу денови, откако бев повикан да станам слуга Господов. Исус ни кажува во Марко 9:23, "'Ако можеш?' Сите нешта се можни за оној кој што верува." Јас верував и многу се молев, бидејќи цврсто се држев до ветувањето на Исуса Христа, "[Секој оној] кој што верува во Мене, делата што ги правам, ќе ги прави и тој исто така; па дури и поголеми од нив ќе прави; затоа што Јас си одам кај Отецот" (Јован 14:12). Како резултат на тоа, низ годишните Оживувачки Состаноци, Бог ни ги покажа запрепастувачките знаци и чудеса, и ни подари безброј дела на оздравување, исцелување, и ни ги прати одговорите на молитвите наши. Понатаму, за време на втората седмица од Оживувачкиот Состанок во 2003, Бог се фокусираше на манифестирањето на Својата сила врз оние кои што беа слепи, неспособни да одат, слушаат и зборуваат.
Vis mer